in ,

Како да излегол од филмско платно: Миа Костова се вклучи во виралниот Инстаграм предизвик и покажа каков фраер бил нејзиниот татко во младоста

Познатата македонска инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за жена без влакна на јазикот, чиј дигитален простор секојдневно е исполнет со искрени размислувања, препознатлив хумор и моменти од нејзиното секојдневие.

Овој пат, таа одлучи да се вклучи во најновиот вирален тренд кој ги преплави социјалните мрежи, наречен „Не прескокнувај! Објави го твојот татко“, а нејзиниот избор на фотографија веднаш предизвика лавина од реакции и воодушевување кај женскиот дел од публиката.

Наместо класична семејна фотографија, Миа извлече вистински ретро бисер од семејната архива, каде што нејзиниот татко е овековечен на плажа во своите помлади денови. Со долга коса, исончан тен, извајано мускулесто тело и самоуверен поглед, тој на фотографијата изгледа како вистински холивудски заводник и Аполон кој тукушто излегол од водата.

Покрај фотографијата која повеќе личи на насловна страница од некој  летен магазин отколку на обичен спомен од одмор, Миа во свој препознатлив и самоуверен стил додаде краток, но урнебесен коментар: „Кажав што кажав“, придружен со виолетово срце, коментира гордата ќерка.

Останува да почекаме чиј татко ќе го видиме следно…

фото:Instagram printscreen/miandrija

Извор: vistina.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои намирници помагаат во одржување на бистриот ум во староста?