in , ,

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Пред полни 18 години Јован Јованов, Тони Зен и Ламбе Алабаковски ја испеаја култната „Итно ми требаш“, а сега, на 31 октомври, на Макефест 2026, Јован и Тони се враќаат со продолжение, песната наречена „Уште ми требаш“.

„’Уште ми требаш е продолжение на приказната од ‘Итно ми требаш’. Некои песни не можат да се повторат, но некои приказни заслужуваат да продолжат.

‘Итно ми требаш’ беше приказна за незаборавна ноќ – излегуваш во клуб, некоја намерно те погледнува и намерно ти се насмевнува и… итно ти треба. ‘Уште ми требаш’ е поемотиовна, се работи за спомен кој не е избледен, едно убаво сеќавање.

Целта на приказната е тоа што се случува сега. Затоа и текстот на песната е поемотивен. Веќе не се работи за провод се работи за чувства што останале’,“ вели Јованов за новата песна.

„Уште ми требаш“ ќе ја има својата премиерна изведба на годинашниов Макфест (сабота, 31 октомври), а брзо потоа ќе биде промовиран и спотот за неа.

Песната е авторско дело на Јован Јованов, кој ја напиша музиката, текстот е на Јован заедно со Тони Зен, додека продукцијата е на Јован и Иван Јованов.

Инаку Јован Јованов се откажа од тоа да биде член на програмскиот совет на Макфест, за да нема конфликт на интереси и да може годинава да настапи на фестивалот како изведувач.

Извор: vistina.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Вторник 27. Октомври 2026 година

Еве како искусните готвачи прават пире од спанаќ: Кремасто е и без грутки