Никол Кидман во интервју за британското издание на списанието Vogue отворено зборуваше за својот живот, меѓу другото и за љубовта со Том Круз и новиот почеток по разводот од Кит Урбан. Таа открила дека, и покрај имиџот што ја следи со години, знае како да се опушти и целосно да се препушти на забавата.
Актерката се присетила на своите посети на Ибица, ноќните излегувања и необичниот начин на кој се обидува да остане непрепознатлива додека танцува во клубовите.
Оскаровката откри дека нејзиниот одмор на познатиот шпански остров може да изгледа сосема различно, во зависност од нејзиното расположение. Понекогаш избира мирни вечери со пријателите, а понекогаш забавата продолжува длабоко во ноќта.
„Тоа е или мала вечера или рејв-забава. Или играм Scrabble или сум некаде надвор. Толку е едноставно“, вели Никол Кидман.
Кога е расположена за излегување, нејзиниот план е прилично прецизен – вечерата почнува доцна, а потоа следува заминување во клуб околу еден часот по полноќ. Сепак, постои еден детаљ што ѝ овозможува да се опушти и да заборави дека е една од најпознатите актерки во светот.
„Вечера во 22:30 часот, клуб во еден часот. Ќе ставам очила“, рекла таа, откривајќи како се маскира.

„Понекогаш ставам перика за да се сокријам, мала темна перика и тогаш можам едноставно да танцувам. Сè додека сум опкружена со луѓето со кои сум дошла, сè е во ред. Тоа ми е потребно“, објаснила актерката.
Никол и претходно зборувала за својата љубов кон танцувањето и ноќните забави. Во интервју за People во 2024 година се опишала како срамежлива личност која не е особено екстровертна, но признала дека токму затоа сака да оди на рејв-забави – бидејќи сака преку танцувањето да ја „изгуби контролата“.
Кога по гала-вечерта на доделувањето на признанијата GQ Men of the Year во 2024 година ја прашале дали под рејв-забави мисли токму на оние што се одржуваат во магацини, таа потврдила дека станува збор токму за таков тип на забави.
Тогаш се опишала себеси како „личност на екстремите“, признавајќи дека особено ја сака техно-музиката.
foto: printscreen/instgaram/nicolekidman
Извор: vistina.com.mk


