Ако сакаш сирењето да се тегне кога ќе земеш парче, не штеди на моцарела!
Состојки за тестото
- 500 г брашно
- 300 мл млака вода
- 1 кесичка сув квасец (7 г)
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 2 лажици масло
За филот
- 200 г моцарела
- 150 г кашкавал
- 100 г бело сирење
- 2-3 лажици доматен сос
- Малку оригано
- Маслиново масло
Подготовка
1. Тесто
Во млака вода стави квасец и шеќер. Остави 5–10 минути. Додај брашно, сол и масло. Замеси меко тесто и остави го да нарасне околу 45 минути.
2. Подготовка на пицата
Развлечи го тестото во тава за пица. Намачкај со тенок слој доматен сос и нароси оригано.
3. Сирењето
Распредели ја моцарелата, кашкавалот и издробеното бело сирење. Додај неколку капки маслиново масло.
4. Печење
Печи во претходно загреана рерна на 230–250°C околу 10–15 минути, додека тестото добие златна боја, а сирењето убаво се растопи.
За уште повкусна пица, стави малку пармезан врз моцарелата пред печење. Ако сакаш сирењето да се тегне кога ќе земеш парче, не штеди на моцарела!
Извор: kurir.mk


