Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска попладне беше почувствуван во Велес и велешко, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Според достапните информации, потресот бил регистриран во 17:41 часот, а епицентарот се наоѓал во близина на Скопје. Земјотресот бил почувствуван и во повеќе градови низ државата.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 5 километри под површината на земјата. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Извор: batali.mk

