in , ,

Загина познат актер – автомобил го прегазил на пешачки премин

Американскиот филмски и телевизиски актер Лари Поиндекстер почина на 66-годишна возраст, неколку дена по тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на неговиот дом во Студио Сити, Калифорнија.

Според објавените информации, Поиндекстер во петокот вечерта ја преминувал улицата за да купи храна, кога во него удрил автомобил. По несреќата тој бил хоспитализиран и неколку дена престојувал во болница чекајќи операција.

Како што пренесе порталот „Дедлајн“, актерот починал ненадејно пред лекарите да ја извршат планираната хируршка интервенција. Засега нема официјални соопштенија од неговото семејство, ниту дополнителни детали за околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Во текот на својата повеќедецениска кариера, Лари Поиндекстер остварил речиси 200 улоги во филмови и телевизиски серии. Публиката најмногу го памети по настапите во култната серија „Денови од нашите животи“, каде се појави како Бен Велч во 1984 година, а подоцна и како отец Луис во периодот од 2014 до 2018 година.

Покрај оваа улога, тој се појави и како д-р Ашер Томас во 12 епизоди од „Општа болница“ во 2005 година, а забележа и 23 настапи во популарната серија „Санта Барбара“.

Извор: press24.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се породи познатата актерка: На 43 години го доби третото дете

Слободните Овни може да запознаат интересна личност, а Бикот да не избрзува со одлуки