in ,

Кипар буди убави спомени: Прва победа на официјален меч и хет-трик на Ѓуровски!

Македонската фудбалска репрезентација во март 2027 година ќе има важен предизвик во Лигата на нации, кога во бараж-двомечот против Кипар ќе се обиде да го зачува местото во Б дивизијата. 

Пред претстојната пресметка, историскиот биланс е на страната на Македонија, но двете селекции имаат одиграно само два меѓусебни натпревари во својата досегашна историја. Интересно е што двете средби датираат од квалификациите за Европското првенство во 1996 година, а Македонија во нив оствари една победа и едно реми, без ниту еден пораз.

Првата пресметка се одигра на 17 декември 1994 година во Скопје. Македонија тогаш приреди убедлива победа од 3-0, а апсолутен херој беше Бошко Ѓуровски, кој ги постигна сите три гола (14., 25. и 90. минута). Тоа беше и првата победа на македонската репрезентација во официјален натпревар. 

Речиси десет месеци подоцна, на 11 октомври 1995 година, селекциите повторно се сретнаа, овојпат во Лимасол. Кипар поведе, но Македонија успеа да стигне до реми (1-1), благодарение на погодокот на Борче Јовановски. 

Оттогаш двете репрезентации немаат одиграно меѓусебен натпревар, па мартовскиот бараж ќе биде нивна прва пресметка по повеќе од 31 година.

Извор: gol.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е најголемата болка која човек може да ја доживее: Истражување покажа дека со оцена од 9,7 го надмина и породувањето