in , ,

Денес готвиме: Шпагети со пилешко во бел сос и спанаќ

Кремасти шпагети со сочно пилешко месо, свеж спанаќ и нежен бел сос. Едноставен, вкусен и хранлив ручек кој се подготвува брзо, а освојува со прекрасната комбинација на вкусови.

Состојки:

2 парчиња пилешко филе
250 г шпагети
2 лажици масло
1 главица кромид
2 чешниња лук
200 г свеж спанаќ
1 црвена пиперка
1 шолја млеко
Сол и бибер
Прстофат мускатно оревче

Подготовка:

Шпагетите сварете ги во зовриена посолена вода според упатството на пакувањето. Зачувајте малку од водата во која се вареле. Во длабока тава загрејте го маслото, додајте ги ситно сечканите кромид, лук и црвената пиперка исечена на коцки. Пржете додека зеленчукот да омекне. Пилешкото филе исечете го на средни парчиња, додајте го во тавата и пржете додека да порумени и да биде целосно зготвено. Додајте го сечканиот спанаќ и динстајте додека да омекне. Зачинете со сол, бибер и мускатно оревче, па додадете го млекото. Гответе на умерена температура 5–7 минути, додека сосот малку да се згусне. На крај додајте ги сварените шпагети и убаво измешајте за да се соединат со сосот. Доколку е потребно, додајте малку од зачуваната вода од шпагетите за да добиете убав, кремаст сос. Послужете ги топли.

фото:Magnific

извор:kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Љубиша како Нео од филмот Матрикс

Ова е најголемата болка која човек може да ја доживее: Истражување покажа дека со оцена од 9,7 го надмина и породувањето