in

Земјотрес почувствуван во Велес и велешко, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска попладне беше почувствуван во Велес и велешко, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Според достапните информации, потресот бил регистриран во 17:41 часот, а епицентарот се наоѓал во близина на Скопје. Земјотресот бил почувствуван и во повеќе градови низ државата.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 5 километри под површината на земјата. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Извор: batali.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Викенд хороскоп: 22–24 мај 2026