in , ,

Леонардо Дикаприо откри која глумица ја смета за најдобра во Холивуд – таа му е идол

US actor Leonardo DiCaprio arrives for the Academy of Motion Picture Arts and Sciences' 14th Annual Governors Awards at the Ray Dolby Ballroom in Los Angeles on January 9, 2024. (Photo by VALERIE MACON / AFP)

Леонардо Дикаприо, едно од најпознатите имиња во светот и во Холивуд, важи за еден од најдобрите актери на својата генерација. Кариерата ја започна како тинејџерски идол, но неговиот талент и посветеност му донесоа статус на икона.

Од неговата улога на Џек во Титаник до Џордан Белфорт во Wolf of Wallstreet, Ди Каприо постојано испорачува врвни изведби.

Кариерата ја започна во серијата Growing Pains, а неговата улога во филмот „What’s Eating Gilbert Grape“ од 1993 година набрзо го привлече вниманието на критичарите и публиката.

Таа година глумеше и во филмот „This Boy’s Life“, каде што го сподели сетот со легендарниот Роберт де Ниро. Зборувајќи за Time Out, Ди Каприо го опиша искуството како едно од најважните во неговата кариера: „Имав 15 години и се сеќавам на секој детал…“ Сепак, тој особено го нагласи влијанието на Де Ниро. „Гледањето на Роберт де Ниро на снимањето, гледајќи ја неговата посветеност, беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“.

Иако Де Ниро имаше значително влијание врз неговата кариера, Ди Каприо за Esquire во 2010 година откри дека најмногу му оставила впечаток легендарната Мерил Стрип, со која работеше на филмот „Marvin’s Room“ од 1996 година, пренесува Индекс.

„Имав 18 години кога работев со Мерил. Гледајќи ја зад камерите, се прашував како ќе изгледа нејзиниот настап на екранот. Но, кога го видов филмот подоцна во кино, мислев: „Боже мој, таа изгледа сосема природно“.

Нивната соработка продолжи во филмот Don’t Look Up, каде и двајцата се испробаа во нетипични улоги.

По соработката со големи режисери како Стивен Спилберг, Мартин Скорсезе и Алхандро Гонзалес Ињариту, Ди Каприо доби бројни номинации за Оскар низ годините. Сепак, само со улогата во филмот „The Revenant“ од 2015 година, тој конечно ја освои престижната награда, зацврстувајќи го својот статус на еден од најголемите актери на сите времиња.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ретрограден Меркур – еве кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат неговото влијание

Not Safe For Work
Click to view this post

Добри девојки со нацрвенети усни – 6ДЕЛ