Екипата на Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот против Гдањск во Европската лига на ЕХФ, а тренерот Лино Червар во официјалниот состав направи две промени во однос на претходниот меч.
Во ростерот на битолчани се враќа голманот Саид Хаидаридад кој го пропушти претходниот меч против Гумерсбах во европски рамки. Исто така, Диего Басанесе влегува во тимот на Еурофарм Пелистер, на местото на Ненад Белистојаноски.
Гостите од Полска на овој натпревар влегуваат со проблем, затоа што ги немаат двајцата главни пикери и ќе се потпираат на млади играчи. Натпреварот во Битола започнува од 18:45 часот.

Извор: gol.mk

