in ,

Ѓоковиќ: Лина испиша историја на Вимблдон, доаѓам во Македонија!

Легендарниот Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на Вимблдон, каде во првото коло ќе се соочи со Кинезот Јибинг Ву, а пред почетокот на турнирот, го прокоментира и пласманот на нашата Лина Ѓорческа во главната фаза на англискиот Грен слем. 

Српскиот тениски ас упати честитки за Ѓорческа, а воедно изјави дека наскоро сака да ја посети Македонија и да се сретне со неа, но и со Калин Ивановски, со кого заедно тренираа во повеќе наврати. 

„Го следев настапот на Лина пред некој ден и можам само да ѝ честитам на успехот. Тоа е голем резултат за македонскиот тенис.

Се надевам дека успехот на Лина може дополнително да ги отвори вратите за младите македонски тенисери кои сакаат професионално да се занимаваат со овој спорт.

Наскоро сакам да ја посетам Македонија, па можеби ќе се сретнам со Лина и со Калин, со кои би можеле да организираме нешто заедничко“, изјави Ѓоковиќ за „Макфакс“. 

Целата изјава на Ѓоковиќ можете да ја прочитате на ОВОЈ линк.  

Новак Ѓоковиќ

Извор: gol.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тој ја сака, но нема да ја однесе пред олтарот! Вистинската причина зошто Бред Пит не сака да се ожени со Инес

Дневен хороскоп за 28.06.2026 – Мотика Хороскоп