in ,

Филип Симоновски со златниот медал на Балканското теквондо првенство во Зрењанин

Теквондо клубот Младост има балкански шампион во олимписки теквондо во категоријата до 57 килограми на Балканското првенство во Зрењанин, Србија.

Филип Симоновски по три одлични борби и победи против високо рангирани противници се закити со титулата балкански шампион.

На овој настан учествува повеќе од 900 натпреварувачи од повеќе од 20 земји.

Ова е продолжување на успесите на Симоновски на меѓународните натпреварувања, претходно годинава во мај го освои бронзениот медал на турнирот „Астерикс Куп Е3“ во Србија во категоријата кадети -57 кг.

Извор: slobodenpecat.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Недела 28. Јуни 2026 година