in

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Мартин Гоџо од населбата Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

На церемонијата присуствуваше и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој му честита на Мартин и се фотографираше со него.

„Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци, што мислам дека многу значи за развој на градот и на туризмот и мислам дека ова што го прави Општината предводена од градоначалникот Пецаков и со поддршка од Владата, ќе продолжи да дава резултати и во периодот кој што е пред нас. Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме“, рече Николоски.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ал Пачино фотографиран со поранешна девојка која е 54 години помлада од него: Се разгореа гласини за помирување

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?