in , ,

На вработените им падна вилицата: Мајкл Џордан оставил шокантен бакшиш во Грција

Џордан прво уживаше во Јадранското Море, ги искуси Хрватска и Црна Гора, а своето патување го заврши во Грција.

Во Грција, Џордан го промовираше својот бренд со неколку ѕвезди од НБА, како што се Лука Дончиќ и Зајон Вилијамсон, а за време на престојот во оваа земја ја покажа и својата дарежливост.

Имено, за време на едно излегување во ресторан во Атина, Џордан им дал огромна сума пари на сите вработени поради готвачот кој подготвил очигледно одлична вечера.

Менито главно се базирало на морска храна и традиционални грчки вкусови, а Џордан бил воодушевен и оставил бакшиш од 10.000 евра, пишува „Jurohoops“.

За време на вечерата, Џордан одржал трогателен говор, во кој зборувал со пофалби за Грција.

„Грција е земјата на античките богови, каде што се родени легендарни херои и каде што концептот на величина првпат се обликувал. Во овој клучен момент за иднината на брендот Џордан, црпевме инспирација од оваа извонредна земја“, рече Џордан.

Покрај гореспоменатите Дончиќ и Вилијамсон, Паоло Банкеро, Бем Адебајо, Хаиме Хакес, Брус Браун, Руи Хачимура, како и живите легенди на НБА Кармело Ентони, Ричард „Рип“ Хамилтон и Мајк Биби го промовираа својот бренд со Џордан во Грција.

фото:Printscren Instagram/ michael_jordann_ X/Eurohoops

Извор: vistina.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Љубе Џипунот и мајка ми анимирани од вештачката интелигенција од слика

ВИДЕО: Гад дем видео на денот