in

ИН МЕМОРИАМ: Зоран Љутков 1983 – 2025

Во несреќа којашто се случи завчера вечер, недела, 13 јули, во Велес почина бизнисменот Зоран Љутков, основач и сопственик на неколку семејни фирми меѓу кои најпозната е „Пододекор“.

Четириесет и две годишниот Љутков беше роден во Велес, каде живееше и работеше. Како бизнисмен беше препознатлив по донаторство и помагање на спортски клубови, бројни спортски и културни манифестации и граѓански здруженија во општината.

Љутков беше сопруг и татко на две малолетни деца. Несреќата во којашто го загуби животот му ја одзеде можноста да го доживее татковството по трет пат.

Посмртните останки на Зоран Љутков ќе бидат изложени во капелата на новите Градски гробишта „Раштани“ кај Велес, денеска, вторник, 15 јули 2025 година во 13:00 часот додека погребот ќе се одржи во 13:30 часот.

Вечна слава Зоране и искрено сочувство до семејството Љуткови.

Дума.мк

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нешто добро се случува за три хороскопски знаци денес 15 јули 2025 година

Колач со сливи, гриз и лимон: Идеален со попладневното кафе (ВИДЕО)