in , ,

КИФЛИЧКИ СО СПАНАЌ ЗА СОВРШЕНО УТРО: Ќе бидат меки и свежи долго време, а нивниот вкус е неспоредлив

Ви треба:

1 кг брашно
1 квасец
1 мала лажица шеќер
2 мали лажички сол
2 дл масло
100 г бланширан спанаќ
млеко
1 јајце
семки сусам

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Потопете го квасецот во малку млака вода, па оставете го да се раствори. Истурете го брашното во сад, потоа додадете сол, шеќер, масло, растворен квасец и месете со млако млеко додека не се добие средно тврдо тесто. Поделете го тестото на два еднакви дела и додадете сечкан бланширан спанаќ на едниот. Добро месете, а другиот дел оставете го ист. Оставете на топло место да нарасне. Добиеното тесто замесете го на набрашнета работна површина, потоа ставете го белото тесто врз зеленото тесто и малку повеќе разредете го со сукало. Потоа исечете го на триаголници и развлечете го. Наредете го на плех обложен со хартија за печење, па премачкајте го со изматено јајце. Изрендајте маргарин и наросете со сусам. Печете ги кифличките во рерна претходно загреана на 250 степени, додека не поруменат.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ХОРОСКОП ЗА 27-МИ ЈУНИ: Девиците да се фокусираат на приоритетите, а за Јарците доаѓа награда

Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари: Не е „Терминатор“, туку комедијата што сите ја обожаваме