in , ,

(Фото) Како холивудска дива: Помладата ќерка на Здравко Чолиќ блесна на матурата, еве каков фустан одбрала

Лара Чолиќ, помладата ќерка на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, неодамна прослави еден од најзначајните моменти во својот живот, прославата по повод матурата.

Церемонијата се одржа во престижен белградски хотел, а наследничката на Чола, Лара, блесна во таа пригода и привлече внимание со својата елеганција и изглед.

За оваа свечена пригода, Лара Чолиќ избра елегантен краток фустан во боја на песок, додека својот изглед го комплетирала со совршена фризура и шминка.

За матурата, Лара избра фустан од корсет од тил кој дополнително ја нагласил нејзината фигура на песочен часовник, додека бојата го нагласи нејзиниот исончан тен.

Ќерката на Здравко Чолиќ била една од најубавите матурантки, а пред да се одлучи за својата професија и студии, заслужено ќе ужива во долгото, топло лето.

Нејзиниот стил и појава предизвикале бројни позитивни коментари, кои се нижеле еден по друг.

Инаку, Лара неодамна раскина со наследникот на најголемиот синџир на теретани на Балканот. Како што пишуваат српските медиуми, раскинувањето поминало без драма, и двајцата одлучиле дека е вистинско време да се фокусираат на личниот развој.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

Што да правите ако партнерот ве одбива за секс?

Дневен хороскоп за 18.06.2025 – Мотика Хороскоп