in , ,

Емина Јаховиќ откри детали за новата љубов и за односот со синовите: „Погледот на родителот знае да биде полош од шамар“

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна се врати од Турција и беше забележана на белградскиот аеродром, каде што во кратко интервју зборуваше за својата музика, децата, како и за новиот емотивен партнер.

– Секоја нова музичка приказна бара вложување, но не се е во парите – ако нема добра идеја и вистинска емоција, тогаш и парите се залудни. Јас имав среќа и можност да го реализирам тоа што го замислив, но процесот не беше ни малку лесен – вели Емина, осврнувајќи се на создавањето на новиот албум.

Таа откри и како нејзините деца реагираат на новите песни:

– Искрено, тие повеќе слушаат други музичари. Сè уште не ги учат моите текстови, но некои од песните им се допаѓаат. Јас никогаш не викам на нив – доволен е само еден родителски поглед, тој знае да биде посилен од било каков шамар – додаде со насмевка.

На прашањето за љубовниот живот, Емина накратко откри:

– Не мора да имаш партнер за да создаваш добра музика, но кога ќе имаш поддршка од некој што те сака, тоа е секогаш плус. Можам да кажам дека во моментов сум навистина среќна и исполнета – рече таа, не откривајќи детали за новиот партнер.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Облак кафе – освежителен пијалок за топли денови

Топ 40 песни оваа недела 2025