in , ,

Луна Ѓогани се огласи по апсењето на сопругот Марко: „Не можам повеќе да издржам!“

Марко Миљковиќ, сопруг на Луна Ѓогани, беше уапсен на аеродромот во Белград поради сообраќаен прекршок што го сторил пред некое време. Инцидентот се случил за време на пасошка контрола, кога било утврдено дека има налог за неплатена казна.

Сега и Луна откри како се чувствувала во моментот кога сè се случило.

– Сега си дома, не си лишен од слобода. Не знам по кој пат ми го скратуваш животот, многу ме секираш, како да имам три деца, кога ќе ми испрати порака дека нешто не е во ред, навистина не можам повеќе – изјави Луна Ѓогани.

– Малку таму блеев по притворите – рече Марко Миљковиќ.

Марко Миљковиќ беше уапсен на аеродромот, а кога беше пуштен од притвор по три часа, им се обрати на своите следбеници на својот Јутјуб канал и откри што всушност се случило.

– Наместо да ви се јавувам од Германија, еве сум пред полициската станица. Го снимив приближувањето кон пасошката контрола, стигнав таму и ме запреа. Ме приведоа, не ми ставија лисици, но бев лишен од слобода. Сè се случи поради сообраќаен прекршок, брзо возење надвор од населено место. Не е голем прекршок, но е прекршок, па имаат право. Во принцип, беа добри со мене, изгубив само четири часа – открива Марко Миљковиќ и додава дека е среќа што сето ова се случи сега, а не кога треба да одат на море како семејство.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачан Џипун МИКС на денот: DRAGANA MIRKOVIĆ – KRIVA (DJ Ljupce1982 MIX)

Што ви предвидува големиот неделен финансиски хороскоп?