in , ,

(Фото) Носталгија во еден кадар: Елена Ристеска сподели фотографија од младоста која ја стопли јавноста

Македонската поп-пејачка Елена Ристеска ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи со ретка и емотивна фотографија од своето минато. Станува збор за стара снимка направена во нејзината детска соба, каде што е опкружена со блиски пријатели и колеги од музичката сцена.

„НЕМА ДА ЗАБОРАВАМ НИКОГАШ КОЛКУ ДРУЖБИ ИМАШЕ НЕКОГАШ. ОВА Е СЛИКА ОД МОЈАТА НЕКОГАШНА ДЕТСКА СОБА, А ВО НЕА ЕДНО УБАВО ДРУШТВО“, НАПИША РИСТЕСКА, ПРЕНЕСУВАЈЌИ ИСКРЕНА НОСТАЛГИЈА ЗА ЕДНО БЕЗГРИЖНО ВРЕМЕ.

На фотографијата може да се забележат познатите имиња од македонската естрада – Александар Билјановски – Дадар, Роберт Билбилов, Сања Николиќ, Петар Ѓошев, Дарко Димитров и Тања Таневска – сите собрани во домашна, топла атмосфера, типична за едно поинакво време на дружење.

Ѕидовите од собата се украсени со постери и насловни страници со ликот на младата Елена, потсетувајќи на нејзините почетоци во музиката.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хороскоп за 31 мај: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Најновиот Тик Ток дует денс со Љубиша