in , , ,

Жељко Самарџиќ стана дедо по петти пат: Ќерката Миња роди девојче

Миња, ќерката на српскиот пејач Жељко Самарџиќ вчера се породи со второто дете – семејството доби ќерка.

Миња роди здраво девојчe, пораѓањето поминало без проблеми, без никакви компликации, а и мајката и бебето се чувствуваат добро.

Оваа радосна вест ги израдува сите членови на семејството Самарџиќ, кои се возбудени поради пристигнувањето на приновата.

Жељко Самарџиќ е горд на својата ќерка и среќен што доби уште едно внуче.

– Ќерка ми Миња, која често настапува како придружен вокал на моите концерти, ми вети дека на претстојните концерти ќе пее со големо стомаче, ако може. Таа треба да се породи некаде во февруари, на свет доаѓа уште една внука. Таа носи ќерка, јас ќе бидам дедо по петти пат! На мое задоволство“, изјави пејачот во едно интервју.“

Самарџиќ има три ќерки, Сања, Миња и Данијела.

– Сите три ќерки се тука кога ми треба нешто. Морам да кажам дека на секоја од нив пеев на нивната матура. Никој од нејзините пријатели не знаеше дека татко им е пејач, па кога ме видоа на забавата, сите се изненадија. „Како, Сања, не ми кажа дека татко ти е Жељко?“, ќе слушав такви реченици. „Тоа беше во периодот кога ги снимив најголемите хитови во кариерата“, опиша Жељко.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 15.02.2025 – Еспресо Хороскоп

Луѓето ги консумираат со векови: Зошто УРМИТЕ се толку здрави?