in , ,

Јелена Карлеуша е подготвена да се сретне со Трамп: Откри и како ќе се облече за таа специјална пригода

Една од желбите на Јелена Карлеуша е да застане рамо до рамо со американскиот претседател и неговата сопруга.

Јелена Карлеуша во интервју за Курир, каде ја рекапитулира годината зад нас, откри и дека има голема желба да ги запознае Меланија и Трамп. Како што вели, би сакала да биде посредник на Србија и да ги посети американскиот претседател и неговата сопруга.

– Би сакала да се сретнам со Трамп. Би сакала да бидам претседателка на Србија и да одам да се сретнам со Трамп и Меланија. Ми се допаѓа тоа… Ми се допаѓа како се облекува, како се справува со хејтерите, како се облекува Меланија. Но, јас би сакала да бидам претседателка кој е најдобро облечена и најзгодна. Сѐ ова што го спомнав е сосема погрешно за една претседателка – изјавила Карлеуша.

На прашањето како ќе се облече за првата средба со Трамп, Карлеуша одговорила:

– Сите околу мене и јас сме љубители на стилот на Меланија. Можам да ја гледам цела ноќ. Сè за неа ми е фасцинантно. Би направила сè за да ни помогнат најголемите државници на светот, би се трудела да бидам многу добро стилизирана. Меланија стил, тоа е сигурно, но секој „Вог“ на планетава би ме објавил како стојам до двајцата.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Интересни и по малку комични слики – 167ДЕЛ

Дневен хороскоп за 04.01.2024 – Мотика Хороскоп