in , ,

НАЈДОБРИОТ СЛАДОЛЕД ОД СЛИВИ: Мора да го пробате, особено додека им е сезоната

Супер брзо слатко освежување.

Состојки:

450 гр целосно зрели сливи, без семки
250 мл слатка павлака
400 мл засладено кондензирано млеко
1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Прво измешајте ги сливите со миксер додека смесата не стане мазна и кожата повеќе не се гледа. Во тенџере ставете го пирето од сливи и варете 5 минути на средна температура додека не ја промени бојата и малку се згусне. Продолжете да мешате често. Тргнете од оган и оставете да се излади. Истурете ја слатката павлака во поголем сад. Матете додека не се стегне. Додадете ги варените сливи, кондензираното млеко и сок од лимон. Добро измешајте со шпатула.

Оставете да се излади и послужете.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

Добри девојки во бикини – 6ДЕЛ

21 незгодно смешни фотографии за лична карта