in ,

Орбан објави фотка со Трамп: Разговаравме за мир, добрата вест е – ќе го реши тоа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

„Мировна мисија 5.0. Беше чест да се сретнам со претседателот Доналд Трамп денес во Мар-а-Лаго. Разговаравме како да постигнеме мир. Добрата вест на денот: Тој ќе го реши тоа!“, објави Орбан на социјалната мрежа Х покрај фотографијата со Трамп.

Унгарија неодамна го презеде ротирачкото претседателство со Европската Унија, а оттогаш Орбан отпатува во Киев, Москва и во Пекинг, каде што разговараше со Володимир Зеленскиј, Владимир Путин и со кинеските лидери, како што тврди, за ставање крај на војната во Украина. По тоа, тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, кој заврши синоќа.

Неговите патувања ги налутија лидерите на Европската Унија, кои велат дека Орбан не настапува како европски лидер, туку како унгарски премиер, односно дека не ја претставува ЕУ кога разговара со рускиот претседател Путин.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

Добри Азиски девојки – 5ДЕЛ

Интересни и по малку комични слики – 113ДЕЛ