in , , ,

Трик кој стана хит на ТикТок: Лушпи од компири и сода-бикарбона како средство за чистење ‘рѓа

Средството се нанесува на ‘рѓосаното место, се остава така 20 до 30 минути, а потоа се чисти, мие и плакне, по што металните предмети ќе изгледаат како нови.

Компирите содржат оксална киселина што ги претвора нерастворливите соединенија на железо во растворливи комплексни јони. Ова е научното објаснување за тоа како лушпите од компири може да помогнат во отстранување ‘рѓа од металните површини дома.

Како што пренесува „Н1“, за да се направи средството, прво се натопуваат лушпите во вода. Се користи малку вода – колку да ги покрие корите, а за оксалната киселина да биде што е можно поконцентрирана. Натаму, се оставаат лушпите да киснат околу еден час, па се тргаат од водата.

Потоа водата се меша со сода-бикарбона за да се добие растворот.

Тоа може да се користи за чистење на ‘рѓа од ножици, ножеви или градинарски алат. Средството се нанесува на ‘рѓосаното место, се остава така 20 до 30 минути, а потоа се чисти, мие и плакне, по што металните предмети ќе изгледаат како нови. Според искусните домаќинки и домаќини на „Тикток“, и мајонезот е речиси исто толку делотворено средство за чистење бакар.  (МИА)

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скриени богатства на њујоршките улици (38 фотографии)

Not Safe For Work
Click to view this post

Добри босоноги девојки – 1ДЕЛ