in , ,

(Фото) Стан од 700.000 евра и нереален полед на Белград: Ова е гламурот во кој живее Виктор Живојиновиќ

Помладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ, пред извесно време се исели од луксузната вила на семејството и се всели во сопствен стан.

Како што пишуваа тогаш медиумите, Брена и Боба на Виктор му одбрале стан од 140 квадрати во Нов Белград, за кој платиле дури 700.000 евра. Виктор во една прилика најпрво објави неверојатна глетка од 40-ти кат на својот Инстаграм, а посебен акцент беше ставен на зајдисонцето.

Најмладиот Живојиновиќ покажа и дел од луксузно опремениот стан, како и дел од дневната соба украсена со уметнички дела.

Да потсетиме, синот на регионалната ѕвезда Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ до пред неколку години се бореше со вишокот килограми, а потоа со помош на правилна исхрана и напорни тренинзи успеа да ослаби околу 36 килограми.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 19.02.2024 – Мотика Хороскоп

Неверојатни слики кои не треба да ги пропуштите – 7ДЕЛ