in , , , , ,

ЗАБОРАВЕТЕ ГО ОКТОПОДОТ ПОЛ, ЈА ИМАМЕ СЛОНИЦАТА БУБИ: Еве чија победа предвидува на отворањето на ЕП (ВИДЕО)

Буби, која живее во резерват во германската сојузна покраина Тирингија, добила задача да го предвиди победникот на таа средба, пренесува АП.

Африканскиот слон Буби ја предвиде победата на Германија против Шкотска на отворањето на Европското фудбалско првенство.

Вечерва во 21:00 часот во Минхен со натпреварот меѓу Германија и Шкотска ќе започне 17. Европско фудбалско првенство.

Буби, која живее во резерват во германската сојузна покраина Тирингија, добила задача да го предвиди победникот на таа средба, пренесува АП.

Таа мораше да ја шутне топката кон знамињата на Германија и Шкотска кои беа од двете страни на импровизираниот гол. Топката се стркала кон германското знаме.

Буби, која по потекло е од Италија, го вееше знамето на нејзиниот нов дом и уживаше во кофа со јачмен.

Октоподот Пол од Оберхаузен стекна голема популарност за време на Светското првенство во 2010 година, бидејќи успешно ги предвиде резултатите на сите натпревари на германската репрезентација како и конечниот резултат од финалето во кое Шпанија ја совлада Холандија.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Интересни и по малку комични слики – 93ДЕЛ

Дневен хороскоп за вторник, 14-ти јуни 2024-та: Успешен ден пред Ракот, Лавот да не се надева на нови зделки