in , , , , ,

Зорица Брунцлик и Кемиш пак ќе прават свадба: „Ќе трае седум дена“

Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш решија да ги обноват заветите и да направат свадба за да ја прослават 40-тата година од бракот.

Двојката е во брак од 1985 година и ја има ќерката Злата. Зорица и Кемиш изјавија дека планираат прослава, на која ќе ги соберат сите пријатели и најблиски роднини, а венчавката ќе трае седум дена:

– Наредната година правиме свадба за мојот роденден, 29 јуни. Тоа ви е смешно, но не е воопшто смешно.  Вие со месеци се занимавате со разводи и измами, но ова е првпат некој да си ги обнови заветите, а на наш српски тоа се вика свадба – изјави расположена Зорица Брунцлик.

„Свадбата ќе трае седум дена“ – додава Кемиш.

Потсетуваме, овие планови на симпатичниот пар прв ги откри Кемиш кој инаку е познат по тоа што на сопругата ѝ ги исполнува желбите.

„Следната година правиме свадба, само не знам како ќе клекнам“ – рече Кемиш во „Премијера – Викенд специјал“.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трик: Како да ја изберете најслатката лубеница?

Дневен хороскоп за 08.06.2024 – Мотика Хороскоп