in , ,

Трик: Како да ја изберете најслатката лубеница?

Една од најголемите дилеми во овие денови е изборот на најслатката лубеница. Но без гајле, постојат едноставни трикови кои можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Потребно е само да обрнете внимание на делот од лубеницата кој најчесто се запоставува. Избегнувајте лубеници кои имаат мека кора, избирајте ги оние кои се тешки и обратете внимание на бојата кај дршката.

Местото каде лубеницата била поврзана со својот лист додека растела може да ви каже многу за нејзината зрелост и тоа дали е подготвена за јадење или е зелена.

Овој дел треба да биде во благо жолта боја, бидејќи ако е зелен тоа значи дека лубеницата не е доволно зрела и ќе има вкус на краставица.

Доколку е во претерано жолта боја, тоа може да значи дека лубеницата е презреана и дека нема да е вкусна.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

27 урнебесно застрашувачки креации со вештачка интелигенција (27 фотографии)

Зорица Брунцлик и Кемиш пак ќе прават свадба: „Ќе трае седум дена“