in ,

ЛАЖНА МУСАКА КОЈА Е РАЈ ЗА НЕПЦЕТО: Лесна е за правење, а вкусот нема да го заборавите

Ќе ви треба:

1 кг компири
6 чешниња лук
1 китка магдонос
1 гранче мајчина душица
3 лажици масло
сол и црн пипер

За дресингот:
3 јајца
200 мл млеко

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња. Потоа зачинете со сол и црн пипер и измешајте ги со ситно сечкан лук, мајчина душица, магдонос, масло и мелена пиперка, па наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Одделно, изматете ги јајцата со млеко и малку сол, па рамномерно прелијте ги врз мусаката и печете 45 минути во рерна загреана на 180 степени. Потоа оставете го јадењето да се олади неколку минути.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Понеделник 09. Февруари 2026 година

Дневен хороскоп за 10.02.2026 – Мотика Хороскоп