in ,

Крофнички од тиква

Толку меки со боја на дукат.

Состојки:

450 грама излупена тиква (печена)
250 мл млеко
450 грама брашно
20 грама квасец
2 лажици шеќер
прстофат сол
50 грама суво грозје (потопете го во малку рум )
шеќер во прав за посипување
цимет

Подготовка:

Изгмечете го квасецот со прстофат шеќер и една лажичка брашно во малку млеко и оставете го да нарасне.

Ставете го брашното во сад и додадете го квасецот, остатокот од млекото, шеќерот, малку сол, тиквата и сувото грозје.

Месете го тестото со миксер, матејќи го малку за да се направат меурчиња.

Оставете го тестото да отстои најмалку 1 час.Пржете ги во врело масло.

Извадете ги на кујнска хартија за да го впијат вишокот маснотии, по желба наросете ги со шеќер во прав и цимет.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Петок 28. Ноември 2025 година

Роден среќлија на хороскопот: Судбината му е наклонета, сè што ќе допре се претвора во злато