in ,

Раул Гонзалез: На Киро и Македонија им посакувам сè најдобро, можат до следна фаза

Раул Гонзалез, селекторот на српската ракометна селекција не го криеше незадоволството од поразот од Шпанија на стартот од шампионатот. Шпанскиот стратег најмногу е незадоволен од начинот на кој неговиот тим го отвори натпреварот, но верува дека против Германија ќе се виде најдоброто од оваа Србија.

„Тешко беше за нас, одигравме катастрофално на стартот, направивме многу грешки и промашивме три пенали. Во вториот дел бевме нешто подобри, но не издржавме до крај. Треба да ја подобриме одбраната, но и нападот. Сега треба да се фокусираме на натпреварот со Германија. Никогаш не се знае, но јас мислам дека ќе бидеме подобри против бундес-тимот. 

Гонзалез додаде дека во Хернинг ќе ги следи натпреварите на Македонија, за која смета дека има шанси за пласман во втората фаза. 

„На Македонија ѝ посакувам сè најдобро, на Киро на играчите. Мислам дека Македонија има шанси за втора фаза на овој шампионат, но ќе биде тешко“, додаде шпанскиот тренер. 

Србија во второто коло за два дена ќе се сретне со Германија, а утре Македонија ќе се судри со домаќинот Данска

Извор: gol.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО: Како игра Трамп а Мадуро е диџеј уз песната ај излези стара мајко

Дневен хороскоп за 16.01.2026 – Мотика Хороскоп