in , ,

Домашна крем супа од печурки

Состојки:

500 грама мешани печурки
1 црвен кромид
2 чешниња лук
1 морков
200 мл бело вино
250 мл млеко или павлака за готвење
масло или путер
зеленчук, сол, бибер, магдонос, мајчина душица по вкус

Подготовка:

Исчистете ги печурките, и исецкајте ги. Излупете го црвениот кромид и морковот, исецкајте ги ситно и лесно пржете ги во врело масло, додека кромидот не добие златна боја. Додадете го исчистениот и исецкан лук заедно со печурките и пржете на тивок оган, додавајќи вода. Додадете вода во печурките по потреба, прелијте со виното, зачините и гответе на тивок оган, мешајќи додека супата малку не зоврие и печурките не омекнат. Додадете павлака или млеко и гответе додека супата не се згусне. Густината може да се постигне и со додавање малку брашно измешано со вода.

Сервирање
Сервирајте топло, со препечено лепче…

фото:Freepik

Извор: Kurir

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за понеделник, 12-ти јануари 2026-та година

Топ 10 најгледани кино филмови во Америка во изминатиот викенд – Јануари 9-11, 2026 година