in , ,

БОЖИЌНИ МЕДЕЊАЦИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Совршени за со кафе или чај

Ќе ви треба:

За медењаците:

400 г брашно
180 г шеќер во прав
2 лажици сода бикарбона
2 јајца
2 лажици мед
30 г маргарин
1 лажичка цимет, каранфилче и други зачини

За декорација:

200 г шеќер во прав
1 белка од јајце
малку оцет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, изматете ги јајцата, шеќерот, медот и растопениот маргарин со миксер. Потоа додадете го брашното измешано со сода бикарбона и мелени зачини. Добро измешајте и месете. Потоа оставете во фрижидер најмалку 2 часа. Потоа развлечете го тестото со сукало и исечете ги посакуваните форми со калап. Печете околу 10 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени. Конечно, декорирајте го меденки по желба.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 најгледани кино филмови во Америка во изминатиот викенд – Јануари 2-4, 2026 година

Германец кој пее за Македониа и нејзината историја