in ,

NASA откри нова планета со можни услови за живот

Со помош на телескопот James Webb, NASA ја откри планетата TWA 7b, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во потенцијално погодна зона за живит.

Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да преживеат живите организми.

Планетата орбитира околу младата црвена џуџеста ѕвезда TWA 7, опкружена со диск од прашина, објавува ABC News.

Ова е прво директно снимање на планетата од телескопот James Webb, користејќи техника со висок контраст што овозможува набљудување на бледи објекти покрај светли ѕвезди.

Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за потеклото и структурата на планетарните системи, објавува Танјуг.

Извор: kurir.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕДЕН ЗНАК СТАНУВА МИЛИОНЕР ДО 2035 ГОДИНА: Според астролошките прогнози, во следните 10 години го чекаат успех, пари и големо богатство!

Измамничкото пакување победува, ние повторно губиме (23 фотографии)