in ,

Македонија има најбрз интернет на Балканот

Дали некогаш сте се прашале која земја има најбрз интернет во нашиот регион, а која во Европа?

Истражувањето кое го спроведе британскиот сајт Cable се занимаваше токму со оваа тема, а резултатите ги објави порталот Landgeist.

Кога станува збор за земјите на Балканскиот Полуостров, со брзина на интернет конекција од 97,9 Mbps, Македонија е на прво место.

Ние сме пред Словенија (97 Mbps), Србија (60,5 Mbps), Грција (53,9 Mbps), Црна Гора (49,5 Mbps), Босна и Херцеговина (44 Mbps) и Бугарија (40 Mbps).

Најбрзиот интернет во Европа има на островот Џерси (264 Mbps), кој се наоѓа помеѓу Велика Британија и Франција, па во Лихтенштајн (246,8 Mbps) и во Исланд (229,4 Mbps).

Во Франција брзината на интернетот е 152,5 Mbps, во Холандија 142,5 Mbps, во Шпанија 133,3 Mbps, а во Германија 81,7 Mbps.

Најбавен интернет во Европа има во Хрватска 25,7 Mbps, Албанија 25,4 Mbps и Турција 24,8 Mbps.

Податоците се базираат на анализа на повеќе од 1,5 милијарди тестови за брзина на пристап до широкопојасен интернет во 229 земји во текот на 12-те месеци заклучно со 30 јуни годинава, пишува скопскиот портал NetPRES.

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 10.08.2024 – Мотика Хороскоп

Дневен хороскоп за 10-ти август 2024