in , , ,

НЕОФИЦИЈАЛНО: Ова е причината за смртта на пејачот Владо Јаневски

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми.

Неофицијално, како што се дознава, Јаневски починал денеска во една од приватните скопски клиники, каде се лечел од карцином на плуќата, односно на белите дробови.

Јаневски е едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика, а во текот на повеќедецениската кариера создаде голем број хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, а во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Покрај пеењето, свирел клавир, гитара и тапани.

Во 1998 година Владо Јаневски стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија, каде што во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Во текот на кариерата настапуваше на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ (1993), „Сѐ најдобро“ (1996), „Далеку е небото“ (1996), „Има нешто посилно од сѐ“ (2002), „Ваков или таков“ (2004) и „Повторно се заљубувам во тебе“ (2006).

Со неговата смрт, македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи автори и изведувачи, чии песни повеќе од три децении се дел од домашната музичка ризница.

Извор: newz24live.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Понеделник 29. Јуни 2025 година