Цената на златото денес бележи мало намалување на светските пазари, но и понатаму останува на историски високи нивоа. Според актуелните берзански движења, еден грам чисто злато (24 карати) денес се продава за околу 127 евра, додека цената на една унца достигнува приближно 3.950 евра.
Пазарните аналитичари оценуваат дека ваквото движење претставува краткорочна корекција по силниот раст на цената во изминатите недели.
Инвеститорите и натаму го насочуваат капиталот кон златото како безбедна инвестиција во време на глобална економска неизвесност, инфлација и нестабилност на финансиските пазари.
Домашните трговци со инвестициско злато во Македонија велат дека интересот кај граѓаните е зголемен, особено за златни плочки и монети со помала тежина, кои се сметаат за посигурна форма на заштеда во услови на нестабилни пазари. Експертите предупредуваат дека и во наредниот период цената на златото ќе зависи од одлуките на централните банки, движењето на инфлацијата и геополитичките случувања, поради што се очекуваат нови дневни осцилации на пазарот.
Извор: kurir.mk


