Пејачката Александра Пријовиќ денес доживеа необична ситуација на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога по грешка зеде туѓ куфер и го однесе дома.
По пристигнувањето од Шведска, каде што имаше настап, таа набрзо сфати дека багажот што го донесе всушност не е нејзин, поради што мораше да се врати на аеродромот за да направи замена.
Пејачката им објаснила на тамошните медиуми како се случила конфузијата.

– Куферот беше заклучен. Ми вели: „Другарке, отвори го куферот, заклучен е“, а јас велам: „Не го заклучив.“ Помислив – што може да има внатре, фустан од синоќа. И немаше да биде штета ако се изгуби. Подароците за децата не се во куферот, Филип секогаш ги има. Се случува. Не го зедов погрешниот куфер, некој друг го зеде, сите брзавме – изјави Александра Пријовиќ за медиумите.

Откако разговарала со службениците на аеродромот, пејачката го вратила багажот на некој друг, додека нејзиниот во меѓувреме бил пронајден, што ѝ донело големо олеснување.
– Да, ова е мој. Слични се, се случува. Ве бакнувам – рекла кратко, по што повторно се упатила кон дома.
foto: printscreen/instgaram/aleksandraprijoviccroatia
Извор: vistina.com.mk

