in , , , , ,

Вработен побарал слободни денови поради раскинување со девојка – реакцијата на шефот стана хит

Необично, но искрено барање за одмор од еден млад вработен стана вирално откако неговиот директор го сподели на социјалните мрежи. Вработениот како причина го навел неодамнешниот прекин на врската, а реакцијата на шефот воодушеви илјадници корисници.

Џасвир Синг, коосновач и извршен директор на компанијата „Knot Dating“, на социјалната мрежа „X“ објави снимка од пораката што ја добил од својот вработен, нарекувајќи ја „најискрената досега“. Под објавата напиша: „Генерацијата Z не користи филтри“, алудирајќи на директната и отворена комуникација карактеристична за помладите генерации.

Во пораката стоело:

„Неодамна поминав низ раскинување и не можам да се сконцентрирам на работа. Денес работам од дома, но би сакал да земам одмор од 28 до 8, за малку да се одморам.“

Наместо вообичаената формална нота, пораката зрачела со искреност и човечка емоција, што наиде на масовно одобрување на интернет. На прашањето дали го одобрил барањето, Синг кратко одговорил: „Одмор одобрен — веднаш.“

Лавина реакции на интернет

Објавата брзо собра илјадници коментари, а корисниците го пофалија и вработениот за неговата искреност, и шефот за разбирањето и човечноста што ја покажал. Многумина во ова видоа позитивен чекор кон нормализирање на разговорите за емоционалното здравје на работното место.

Еден корисник прокоментирал: „Ова е сосема во ред. А уште подобро – и не мораш да објаснуваш зошто земаш слободно.“ Друг се пошегувал: „Има луѓе што ни за свадба не земаат толку одмор“, на што Синг духовито одговорил: „Но мислам дека раскинувањата бараат повеќе одмор од браковите.“

фото:Freepik

извор:курир.мк

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Понеделник 10. Ноември 2025 година

Дневна доза на Macedonia Through the Past