in ,

МАФИНИ СО ШУНКА И СИРЕЊЕ: Готови за половина час, никој нема да им одолее

Ќе ви треба:

250 г брашно
1 прашок за пециво
2 јајца
150 мл млеко
100 мл масло
150 г шунка, исечена на коцки
100 г рендано сирење (на пр. сирење или трапист)
сол
бибер по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад, измешајте го брашното со прашок за пециво. Додадете малку сол и бибер. Одделно, изматете ги јајцата со млеко и масло. Истурете ги течните состојки во брашното и брзо измешајте. Потоа додадете ја шунката, ренданото сирење и зачините. Мешајте полека за да се распределат состојките рамномерно. Наполнете ги калапите за мафини обложени со хартиени чашки до 3/4 од висината. Печете 20 до 25 минути. Пријатен апетит!

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колку темно чоколадо смееме да јадеме секој ден?

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се разведуваат: Што им пресуди на нивната љубов?