Американскиот водител Били Буш се присети како Рики Мартин реагирал бурно откако го прашал дали е геј. Сега се кае што му ја нарушил приватноста и го терал да го признае тоа.
Буш откри дека за време на интервјуто му кажал на Рики дека осум луѓе со кои разговарал во лобито претходната вечер сакале да знаат дали е геј.
„Се замрзна на столот и праша: ‘Што?’, а јас реков: ‘О, не, не’. Тој рече: ‘Кретен’, го извади микрофонот и продолжи: ‘Сакаш ударна вест, ѓубре едно’.“
Потоа пејачот го напуштил сетот, а продуцентот бил бесен поради ова и рекол: „Ова е ужасно“. Водителот допатувал во Мајами за ова интервју, а по скандалот, неговите шефови во Лос Анџелес го повикале и го критикувале.
„Не е моја работа да ги повредувам луѓето. Моја работа е да сфатам кој сум и каде одам, а во животот мора да бидете спремни да правите грешки“, рече Буш. Веднаш му се извинил на пејачот, велејќи:
„Рики, многу ми е жал што го поставив тоа прашање. Не знам што мислев. Беше несоодветно. Многу ми е жал и ветувам дека ова интервју никогаш нема да ја види светлината на денот“. Рики му признал дека се борел со тоа целиот свој живот.
„Ќе го кажам тоа кога ќе биде вистинското време и место. Нема да биде тука во оваа емисија додека го промовирам албумот. Ова е многу лично за мене. Ти благодарам што се врати тука. Ти простувам“, рекол Мартин.
Рики јавно се откри како геј во 2010 година, околу 7 години по ова интервју.
Извор: kajgana.com


