in ,

Мажите ги паметат овие женски квалитети дури и кога ќе заборават сè друго

Овие работи оставаат трага во срцето на мажот засекогаш. Наспрема популарното мислење дека станува збор за физичките атрибути, односно дека изгледот или мирисот е она што мажите секогаш го паметат кај жените што ги сакале, се лажете.

Психолозите дошле до заклучок дека мажот најпрво ги забележува следните три особини кај жената која го привлекла неговото внимание и која одбележала одреден период од неговиот живот:

Оптимизам

Жените кои се оптимистични се исклучително привлечни за мажите бидејќи зрачат со посебна енергија. Секој сака да биде во добро и позитивно општество.

Оптимизмот кај жената е она што често ги привлекува мажите и остава длабока трага.

Позитивното расположение е една од најатрактивните карактеристики кај двата пола.

Самодоверба

Докажано е дека жените кои веруваат во себе се многу попривлечни дури и од најголемите убавици. Самодовербата отвора врати на многу полиња од животот, но и во љубовта.

Непобедливата доверба на жената во сопствената привлечност се пренесува на потсвесно ниво кај мажот, па таквата жена долго се памети.

Насмевка

Смеата што доаѓа од срце, како и добрината никогаш нема да престанат да бидат привлечни. Кога мажот ќе најде насмевка во морето од мрачни лица, насмевка ќе се појави и на неговото лице.

Затоа жените со искрена насмевка остануваат долго во сеќавањето на мажите.

фото:Freepik
извор:popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Петок 16. Мај 2025 година

Кремаст колач од јагоди – На чинија за неколку минути, се прави од сите основни кујнски состојки, има неодолив вкус (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)