in ,

Рецепт за здрав домашен џем од јагоди: Готов за 15 минути

Состојки:

500 гр свежи јагоди
2 лажици мед
1 лажица сок од лимон
2 лажици чиа семе

Подготовка:

Ако барате поздрава алтернатива на класичниот џем, овој брз рецепт со мед и чиа семе е баш нешто. Вкусен е, освежителен и готов за кратко време – совршен за појадок, палачинки или како прелив за јогурт.

Измијте ги јагодите и извадете ги стеблата. Исечете ги на половини или четвртини, во зависност од големината. Ставете ги во тенџере на средна топлина, додадете сок од лимон. Варете додека јагодите не го ослободат својот сок и омекнат, околу 10 минути. Изгмечете ги со машина за матење компири до саканата дебелина.

Тргнете од оган, додадете чиа семе и мед и убаво измешајте. Изладете го џемот на собна температура. Чиа семето ќе набабри и ќе ја згусне смесата.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што ќе се случи со вашето тело и ум ако мастурбирате 3 пати неделно?

Дневен хороскоп за 14.05.2025 – Мотика Хороскоп