in ,

Исфрлете ги бананите од исхраната ако имате некои од овие проблеми – лошо влијаат на здравјето

Познато е дека бананата не е само омилено овошје на многумина, туку и навистина здрава ужина полна со витамини и минерали.

Таа е хранлива, па затоа се препорачува секогаш да ја имате при рака помеѓу оброците и во случај да сте на диета или специјална диета. Многу е добра за одржување на оптималното ниво на енергија на телото и позитивно влијае на здравјето на срцето.

Некои од придобивките од јадењето банани се: зголемено ниво на енергија, подобрена мускулна структура, го стимулира варењето и дигестивниот систем, извор е на антиоксиданси, магнезиум, витамин Ц, витамин Б6 и фолна киселина.

Меѓутоа, ако бананите често се во вашата чинија, добро е да се запознаете со ризиците кои доаѓаат со прекумерното консумирање.

Бананите може да бидат исклучително ризични за луѓето кои страдаат од разни алергии, како и за луѓето со астма и атопичен дерматитис. Алергија на храна се јавува кога телото открива одредена храна како закана, што дополнително резултира со чешање и промени на кожата.

Бананите се богати и со јаглехидрати и шеќер, што го зголемува нивото на шеќер во крвта, особено кај луѓето со дијабетес. За да се регулира ова, се советува контрола на порциите, како и да се земе предвид со која храна се комбинира бананата, па затоа изберете ги оние со висока содржина на протеини или зеленчукот што не содржи скроб.

Бананите содржат калиум, па на луѓето кои имаат проблем со покачен калиум, како што се бубрежните пациенти, им се препорачува да го избегнуваат ова овошје.

Бананите содржат и олиго-фруктан, соединение кое не им одговара на лицата со синдром на нервозно дебело црево, проблем кој се манифестира со болки во стомакот и надуеност, пишува b92.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Грашо ја потврди врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ? „Тончи нема среќа… и снаата музичарка“

Дневен хороскоп за 26.03.2025 – Мотика Хороскоп