in , ,

Анастасија Ражнатовиќ го затвори салонот во Белград! Еве зошто престана бизнисот што ќерката на Цеца го започна со другарката

Ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, го затвори салонот за убавина кој го отвори со пријателка пред речиси три години.

По добиените информации дека локалот на Анастасија се затвора, новинарската екипа ја посетила локацијата на салонот за убавина и потврдила дека продавницата повеќе не работи.

– Кога се отвори локалот, на Анастасија одлично ѝ одеше, но во меѓувреме работата престана. Го рекламираше насекаде, и во медиумите и на социјалните мрежи, па имаше многу клиенти кои доаѓаа да ги пробаат услугите што ги нуди наследничката на Цеца Ражнатовиќ. Цените беа достапни за секого, а локацијата е одлична за ваков тип на бизнис. Така беше една година, а потоа прометот почна да опаѓа – ја започнал приказната доброупатениот извор, па продолжил:

– На ова веројатно влијаело тоа што Анастасија повеќе не живее во Србија, па не била толку вклучена во тоа како на почетокот, а нејзината деловна партнерка очигледно не можела да се справи со работата и трошоците. Дуќанот е 145 квадрати и со оглед на локацијата веројатно чини многу. Затоаодлучиле да ја згаснат фирмата – заклучил изворот за српски „Курир“.

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и нејзината пријателка имаа и своја линија на козметички производи кои беа на природна база, а при отворањето на салонот истакнаа дека е важно жените да се вратат на здравиот начин на живот и на природата.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 21.01.2025 – Еспресо Хороскоп

5 причини зошто правите лоши избори во љубовта