Ви ги пренесуваме клучните астролошки настани кои ќе ја одбележат годината пред нас!
Ретроградниот Меркур во 2025 година ќе поттикне соочување со старите предизвици, Јупитер во Рак ќе ја нагласи важноста на семејната хармонија и удобноста во домот, додека ретроградната Венера ќе ја отвори вратата за лични промени и нови емотивни поглавја. Ви ги пренесуваме клучните астролошки настани кои ќе ја одбележат годината пред нас!
14 март – затемнување на Месечината во Девица
Овој ден носи извонредна можност за организација, како во секојдневните обврски, така и во внатрешниот живот. Ќе бидете максимално продуктивни, па ќе завршите повеќе задачи отколку што сте планирале. Сепак, не заборавајте да одвоите време да се одморите и да се грижите за вашето здравје, бидејќи затемнувањата често влијаат на физичката и менталната стабилност.
29 март – Затемнување на Сонцето во Овен
Овој астролошки настан под влијание на Марс носи интензивни емоции и зголемена нервоза. Доколку успеете да ги контролирате импулсивните реакции и конструктивно да ја насочите вашата енергија, ве очекуваат значајни успеси. Клучот е да поставите јасни цели и решително да се движите кон нивно постигнување.
15 март – 7 април – Меркур ретрограден во Овен и Риби
Ретроградниот Меркур носи период на испрашување и интроспекција. Во првите денови од овој циклус, додека е во Овен, можете да очекувате ненадејни одлуки и избрзани реакции. Преселувајќи се во Риби, енергијата станува поинтроспективна, што може да разбуди стари спомени и нерешени емоции.
18 јули – 11 август – Меркур ретрограден во Лав
Ова е идеално време за размислување за личното изразување, креативноста и романтичните врски. Нагласена е потребата за саморефлексија и враќање на страстите кои ве исполнуваат. Бидете внимателни во комуникацијата за да избегнете недоразбирања.
7 септември – затемнување на Месечината кај Риби
Овој ден поканува на интроспективно патување и поврзување со сопствената интуиција. Емпатијата и свесноста за сопствените потреби се зајакнати, но важно е да се остане приземјен за да се избегнат прекумерни емоционални реакции.
21 септември – Затемнување на Сонцето во Девица
Ова затемнување носи можност за лична трансформација. Идеално време е да се фокусирате на здравјето, начинот на живот и поставувањето нови цели. Јасно дефинирајте што сакате да постигнете и фокусирајте ја вашата енергија на конкретни чекори.
9-29 ноември – Меркур ретрограден кај Шкорпија и Вага
Последниот ретрограден циклус во 2025 година носи конфронтација со длабоко потиснати емоции и скриени тајни. Почетокот на ретроградноста кај Шкорпијата поттикнува интроспективни процеси, додека преминот во Вага носи фокус на односите и рамнотежата.
Меркур ретрограден
Во текот на 2025 година ќе има три периоди на ретрограден Меркур. Овие циклуси се идеална можност за прегледување на минатото, завршување на започнатите проекти и забавување на дневниот ритам. Наместо да се фрустрирате од непредвидени предизвици, искористете ја оваа енергија за размислување и планирање.
Ретроградна Венера
Венера, планетата на љубовта и убавината, оди во ретроградно движење на секои 18 месеци. Овој период носи можност да ги редефинирате односите, да ги преиспитате личните вредности и да се ослободите од врските кои повеќе не служат за некоја цел. Искористете го овој пат за интроспекција и отворање ново поглавје во вашиот емотивен живот.
Јупитер во Рак
Од 9 јуни 2025 година до 30 јуни 2026 година, Јупитер транзитира во знакот Рак, кој става фокус на семејните односи и создавање дом како место на безбедност и љубов. Ова е одличен период за работа на емоционален раст, зајакнување на врските со саканите и постигнување стабилност.
Сатурн во Овен
Сатурн, планетата на дисциплина и одговорност, ќе престојува во Овен од мај до септември. Овој транзит носи можност за личен раст преку соочување со стравови и предизвици. Фокусирајте се на поставување на долгорочни цели и да бидете упорни во нивното постигнување.
Плутон во Водолија
Плутон ќе го продолжи своето патување низ Водолија, носејќи револуционерни промени во технологијата, општеството и личните верувања. Ова е време кога дигитализацијата и иновациите ќе го забрзаат нашиот секојдневен живот. Прифатете ги промените, бидете отворени за нови идеи и активно придонесувајте за развојот на заедницата.
Извор: kurir.mk


