in , ,

Ќе заработи стотици илјади евра! Аца Лукас со полни раце работа во текот на летната сезона

Српскиот фолкер Аца Лукас за само неколку месеци работа ќе заработи вртоглава сума на пари, пишува српски Информер. Минатата година српските музичари успеаја да заработат огромни суми на пари, а како што стојат работите и ова лето ќе биде исплатливо за некои од нив.

Прв на таа листа секако е пејачот Аца Лукас кој летово ќе заработи околу 500.000 евра од настапите кои ги закажа во текот на целата сезона. Фолкерот веќе работи со полна пареа и не запира. Тој е еден од најбараните изведувачи кој покрај во Црна Гора, Хрватска и Македонија ќе настапува и во други европски земји.

На концертите на Аца секогаш се барало билет повеќе. Популарниот фолкер каде и да се појави прави феноменална атмосфера, а не е чудно што неговиот распоред е целосно резервиран и за оваа летна сезона, по што ќе биде побогат за неверојатни половина милион евра.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бројот на партнери кој ги дефинира најдобрите љубовници

Дневен хороскоп за 14.07.2024 – Мотика Хороскоп