in ,

Рецепт за МАФИНИ СО МАНДАРИНИ

Рецепт за уживање со вашето омилено зимско овошје.

Состојки:
– 1 чаша (250 ml) масло
– 2 чаши шеќер
– 3 мандарини излупени
– 1 лажица екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
– 3 јајца
– 3 чаши брашно
– прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги маслото и шеќерот во голем сад околу една минута. Додадете мандарини и мешајте додека не се добие мазна смеса без парчиња овошје.

Додадете јајца и екстракт од ванила и мешајте уште две минути.

Со шпатула измешајте ги брашното и малку сол и сè убаво измешајте. Земете ја смесата со лажица и наполнете ги калапите за мафини, но не до врвот.

Печете 18-20 минути додека не поруменат и послужете ги изладени.

Извор:

Извор: popara.mk/

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВИДЕО: Три најопасни места во светот

Што имаат заедничко Ламбе и Љубиша